Линкови за пристапност

Трамп: Да ја претворивме жалоста во акција


Претседателот изрази поддршка за неколку промени во законите за поседување оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вети дека ќе ја „претвори жалоста во акција“ за да ги направи училишта побезбедни. Оваa негова изјава доаѓа по последниот инцидент во средното училиште во Флорида во кој загинаа 17 лица.

Американскиот лидер пред гувернерите на сојузните држави на состанокот во Белата куќа, изјави дека ќе потпише наредба за забрана на продажба на технички додатоци што ја зголемуваат огнената моќ на оружјето. Истражителите потврдија дека напаѓачот на музичкиот фестивал во Лас Вегас употребил ваков додаток, иако тоа не било фактор во инцидентот во Паркленд, Флорида.

Претседателот Трамп изјави: „Не ми е грижа ако не Конгресот делува, јас ќе го потпишам тоа“. Тој додаде дека треба да бидат преземени чекори за засилување на безбедноста на училиштата, и наведе можност за вооружување на наставниците. Трамп повика на зголемување на возраста од 18 на 21 година за оние кои купуваат оружје, слично на пушката од типот АР-15, која беше користена во нападот во Флорида.

Трамп изјави дека е „жално“ што вооружениот полициски офицер Скот Петерсон не влегол во училиштето за да се соочи со напаѓачот, 19-годишниот Николас Круз, кој минатата година бил истеран од образовната установа. Петерсон бил суспендиран, а потоа сам си поднел оставка. Трамп рече: „Верувам дека јас ќе влезев, дури и ако немав оружје“.

​Тој исто така сугерираше дека сојузните држави треба да ја преиспитаат можноста за повторно отворање на големите ментални институции кои беа затворени во текот на последните две децении во корист на моделот за третман на ментално болните во заедницата. Ваквиот чекор има за цел сместување на лицата за кои се верува дека претставуваат закана во овие ментални институции.

Трамп рече дека за викендот се состанал со тројца виши претставници од Националната асоцијација за оружје, најголемото лоби за огнено оружје во државата кое веќе соопшти дека се противи на зголемувањето на возраста за купување оружје. Моќната организација често ги спречува законите за контрола на оружјето во Конгресот, но Трамп рече: „Нема од што да се плашиме. Не грижите се за Националната асоцијација за оружје. Тие се на наша страна“, дури и ако „треба да се бориме со нив“ околу некои од идеите за контрола на оружјето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG