Линкови за пристапност

Пентагон ја суспендира обуката за саудиски питомци


Пентагон ја суспендира обуката за сите студенти на Саудиска Арабија кои се дел од воените програми на САД, како одговор на смртоносното пукање од страна на еден саудиски државјанин во воздухопловната база Пенсакола во Флорида минатата недела.

Одлуката ќе влијае на скоро 900 Саудијци кои како дел од студиите се обучуваат во воени објекти низ целата земја.

Наредбата за суспензија доаѓа откако ФБИ во вторникот откри дека вооружениот напаѓач, Мохамед Алшамрани, 21-годишен поручник во саудиските кралски воздушни сили, легално купил пиштол Глок 9мм откако добил државна лиценца за лов.

Во петокот тој пукаше во училница во воената база при што загинаа тројца американски морнари, а беа повредени осум други, пред да биде убиен од полицијата.

Заменик-секретарот за одбрана исто така нареди преглед на процесот на проверка на повеќе од 5.000 меѓународни студенти запишани во воените установи на САД.

Суспензијата ќе остане во сила сè додека не биде завршен прегледот за околу десет дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG