Линкови за пристапност

Денес се очекува конечниот извештај за убиството на Кашоги


Белата куќа најави објавување на документот за случајот со новинарот на Вашингтон пост кој исчезна по посетата на саудискиот конзулат во Истанбул

Американскиот претседател Доналд Трамп рече САД денеска би можеле да објават конечен извештај за убиството на новинарот на Вашингтон пост Џамал Кашоги.

ЦИА наводно заклучила дека престолонаследникот на Саудска Арабија Мохамед бин Салман, кој е лидер на кралството, го нарачал нападот на Кашоги на 2-ри октомври во саудискиот конзулат во Анкара.

Саудискиот крал Салман во понеделникот, после долг молк за убиството на Кашоги, проговори за случајот во своето годишно обраќање пред јавноста. Но, кралот не спомена ништо за обвинувањата против престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман, во врска со убиството.

Се верува дека принцот го нарачал убиството. Кашоги, кој беше колумнист на Вашингтон пост и го критикуваше саудискиот принц, беше убиен во саудискиот конзулат каде што отиде по документи за венчавка.

Не долго по убиството, принцот ги отфрли обвинувањата дека неговата земја не соработува со Турција за да се реши случајот со убиството на Кашоги.

„Ќе му докажеме на светот дека двете влади соработуваат за да бидат казнети оние кои се виновни и одговорни. Правдата ќе надвладее,“ рече принцот Салман.

Саудискиот обвинител рече дека 21 лице се притворени во врска со убиството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG