Линкови за пристапност

Престонаследникот на Саудиска Арабија се среќава со Трамп


Тој планира да ја претстави новата визија, во време на затегнати односи со Иран

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска доаѓа во посета на Вашингтон, во време на зголемени тензии меѓу Саудиска Арабија и Иран.

Тој треба да се сретне со претседателот Доналд Трамп и планира да ја промовира визијата за нова Саудиска Арабија, при што се очекува да има поддршка од Трамп.

Официјален претставник на Белата куќа, изјави дека состанокот претставува „огромна можност да се постигне напредок“ и да се разговара за дестабилизирачките активности на Иран во регионот.

Трамп јасно застана на страната на Саудиска Арабија, во нејзиното ривалство со Иран.

Во интервју за Си-Би-Ес, Мохамед бин Салман го спореди иранскиот лидер со Хитлер.

„Саудиска Арабија не сака да набави нуклеарна бомба, но, без сомение, ако Иран развие нуклеарна бомба, ние ќе го сториме тоа што е можно побрзо“, рече тој.

Ваквата ситуација става притисок врз Трамп, во пресрет на крајниот рок за Иранскиот нуклеарен договор во мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG