Одделот за правда бара доказ од 23 сојузни држави и градови, кои соработуваат со федералните имиграциони власти, да обезбедат информации за недокументираните имигранти, уапсени поради различни наводни кривични дела.
Овој потег поттикна некои градоначалници на таканаречените „градови - бастиони“, да го бојкотираат планираниот состанок со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа.
„Овие градови се најдобар пријател на бандите како МС-13. Смртната стапка за невините Американци во овие градови е неприфатлива“, рече Трамп.
Одделот за правда се закани дека ќе скрати милиони долари федерална помош за сојузните држави и градови, коишто ќе одбијат да обезбедат документи, со кои треба да се покаже како спроведувачите на законот споработувале со федералните имиграциони официјални лица.
Калифорнија е една од државите којашто најави бојкот на наредбата на американската администрација.
Facebook Forum