Линкови за пристапност

САД воведоа санкции против двајца Севернокорејци


Официјалните претставници имале улога во програмата за балистички проектили на Пјонгјанг, се вели во соопштението на Одделот за финансии

САД воведоа санкции за двајца севернокорејски официјални претставници за нивната улога во програмата за балистички проектили на Пјонгјанг.

Американскиот Оддел за финансии издаде соопштение, во кое се вели дека Ким Јонг Сик и Ри Пјонг Чол се „клучни водачи на незаконските програми за оружје на Северна Кореја“.

Ким Јонг Сик, наводно, бил клучна фигура во развојот на балистички проектили во Северна Кореја, заедно со напорите за префрлање на течно во цврсто гориво, додека Чол важел за клучен функционер вмешан во развојот на интерконтиненталните балистички проектили во Северна Кореја, се додава во соопштението.

„Одделот за финансии цели на лидерите на северонокорејските програми за балистички проектили, како дел од нашата кампања за максимален притисок за изолирање на Северна Кореја и целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“, истакна секретарот за финансии Стив Мнучин. „Овие акции следат по резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во петокот, со која се воведуваат нови остри санкции против Северна Кореја, што дополнително ја отежнува можноста земјата да дојде до незаконски средства“.

Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, имал телефонски разговор со државниот секретар Рекс Тилерсон, велејќи му дека „агресивната реторика на Вашингтон“ ги зголемуа тензиите на Корејскиот Полуостров.

Обајцата дипломати разговарале и за следните чекори за решавање на кризата во Сирија и ситуацијата во Украина.

Стејт департментот засега нема официјален коментар за овој разговор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG