Линкови за пристапност

САД ќе ја укинат заштитата од депортација на лица од Ел Салвадор


Американската влада ќе ја суспендира заштитата на околу 262 илјади државјани на Ел Салвадор кои живеат во САД речиси две децении.

Времениот заштитен статус (TPS) со кој беа заштитени неколку стотици илјади лица од депортација по катастрофалните земјотреси во 2001-ва година завршува на 9-ти септември, 2019-та година.

На тој датум, оние кои законски живееле и работеле во САД ќе се вратат на имигрантскиот статус што го имале пред да го добијат заштитниот статус. Тие, исто така ќе имаат можност да аплицираат за други имиграциски бенефиции како семејни визи или работа.

Одлуката ќе остави некои од овие лица без документи, што ќе ги направи ранливи на депортација.

Во редовниот преглед на условите во Ел Салвадор, администрацијата на Трамп утврдила дека државата се опоравила доволно од природните катастрофи за нејзините државјани да можат да се вратат, изјави висок претставник од американската администрација.

И покрај тоа што во претходните прегледи беше вклучена врската меѓу природните катастрофи и борбата со организираниот криминал и насилството, официјалниот претставник од администрацијата изјави дека Одделот за домашна безбедност ја мери само „обновата“ од земјотресите, а не и „насилството на теренот.“

Во писменото соопштение од секретарката за домашна безбедност, Кирстен Нилсен, се посочува дека со 18 месечното продолжување на заштитниот статус на овие лица „ќе му се овозможи на Конгресот да донесе законско решение“.

Законодавците со години се обидуваа да направат суштински промени во американскиот имиграциски систем, но има малку индикации дека навреме ќе биде усвоен нов закон за да бидат спасени лицата погодени од оваа одлука.

Претседателот Доналд Трамп денес е домаќин на двопартиската група сенатори за да разговара за имиграцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG