Американски федерален судија ја осуди на 18 месеци затвор руската државјанка Марија Бутина поради заговор со висок официјален руски службеник за да се инфилтрира во Националната асоцијација за оружје и да влијае на американските конзервативни активисти и републиканските политичари во корист на Кремљ.
Марија Бутина, поранешна дипломирана студентка на Американскиот универзитет во Вашингтон, се изјасни за виновна во декември. Судијата на федералниот суд во Вашингтон денеска изјави дека во казната ќе бидат вклучени и деветте месеци кои веќе ги отслужила, но и дека таа ќе биде депортирана веднаш по отслужувањето на казната.
Бутина се изјасни за виновна за обвинението за заговор да дејствува како странски агент. Нејзините адвокати побараа казна затвор и депортација во Русија по соработката со обвинителите. Обвинителите, исто така, побараа од судот да ја депортира Бутина, која беше во затвор од нејзиното апсење минатиот јули, и да изрече затворска казна од 18 месеци.
Главниот правобранител на САД Вилијам Бар рече дека Бутина треба да биде депортирана во Русија без да ја издржува казната.
Ова е прв случај руски државјанин да биде осуден за обид да влијае на политиката на САД кон Русија пред претседателските избори во 2016 година. Бутина се изјаснила дека нејзината работа била изведена под водство на Александар Торшин, поранешен службеник во Кремљ.
Во 2013 година, таа започна да воспоставува контакти со Националната асоцијација за оружје, една од најмоќните американски лоби-групи со силни врски со републиканските политичари, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп.
Facebook Forum