Линкови за пристапност

Средба на Лавров со американскиот државен врв во Вашингтон


Претседателот на САД, Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, денеска во Вашингтон се сретнаа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, при што претставниците на двете нуклеарни сили разговараа за можноста за продолжување на договорот за контрола на оружјето.

Помпео рече дека обвинувањата за импичмент нема да влијаат врз разговорите со Лавров.


Официјалните претставници, кои се среќаваат додека демократите ги најавија причините врз основа на кои ќе ја спроведат постапката за импичмент против Трамп, исто така планираат да разговараат за безбедноста на изборите и националната безбедност, изјави портпарол на Белата куќа, Хоган Гидли за Фокс.

„Секој актуелен американски претседател е должен да се обидува да гради односи низ целиот свет“, рече Гидли.

Ова е прва посета на Лавров на Вашингтон од мај 2017 година, од времето на првите наводи дека Трамп соработувал со Русија за да му помогне да победи на изборите во 2016 година, како и наводите за споделување на класифицирани информации со руски дипломат на средба во Белата куќа. Американскиот специјален советник Роберт Мулер по долгата истрага заклучи дека нема доволно докази за да се докаже дека кампањата на Трамп била во заговор со Москва.

Русија негираше какво било мешање во изборите пред три години.

Помпео рече дека обвинувањата за импичмент нема да влијаат врз разговорите со Лавров.

„Не го одбравме овој датум за да се совпадне со процесот на Капитол Хил, но не можеме да дозволиме тоа да влијае на нашата работа“, рече Помпео во понеделникот.

Помпео, Трамп и Лавров, исто така, се очекува да разговараат за Украина, Иран, Северна Кореја и Сирија. Русија, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, ја зголеми својата улога во сирискиот конфликт, откако Трамп ги повлече повеќето американски трупи од Сирија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG