САД ќе протераат 60 руски дипломати од земјата, како одговор на нападот врз поранешен руски шпион и неговата ќерка во Британија.
Белата куќа ова го соопшти денеска, а за нападот ја обвинува Москва. Кремљ негира вмешаност.
„САД ја преземаат оваа акција во соработка со нашите НАТО сојузници и партнери ширум светот, се вели во извештајот на Белата куќа.
Поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, биле пронајдени во бесвесна состојба во Салсбури, Велика Бртианија, по што биле хоспитализирани. Нивното здравје е и натаму критично.
Британската премиерка Тереза Меј најави серија мерки на одмазда против Русија заради труењето, вклучувајќи и протерување на 23-ца руски дипломати.
Facebook Forum