Русија денес изјави дека е премногу рано да ги коментира политичките предлози на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој пак, во интервју за пишан медиум, предложи дека ќе ги стави во заден план санкциите против Русија, во замена за договор да се намали нуклеарното оружје.
„Да почекаме додека да ја презеде функцијата, пред да дадеме калкулации за какви било иницијативи“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков.
Трамп во заедничко интервју за англиски и за германски весник, ја критикуваше руската интервенција во Сирија, и ја повтори неговата критика кон НАТО, велејќи дека Алијансата е застарена, во исто време нагласувајќи дека оваа организација е многу важна за него.
Трамп исто така, рече дека на Брегзит гледа позитивно, и предвиде дека и други држави ќе излезат од Унијата, бидејќи луѓето сакаат „сопствен идентитет“.