Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, спонзорирана од САД, а со која би се продолжила меѓународната истрага за употребата на хемиско оружје во Сирија.
Неколку часови подоцна, Советот ја отфрли резолуцијата спонзорирана од Русија, откако не ги доби потребните девет гласови за да биде усвоена.
„Со ова Русија го замре Заедничкиот механизам за истрага, којшто имаше голема поддршка од Советот за безбедност. Со елиминирањето на нашата способност за идентификување на напаѓачите, Русија ја подри нашата способност да спречиме идни напади. Асад и ИСИС нема да бидат предупредувани заради употреба на хемиско оружје“, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
Истражителите на ОН ја обвинија сириската армија за користење на отровен гас, велејќи дека бунтовниците немале авиони или способност да изведат такви напади.
Сирија вели дека за нив се одговорни терористите, термин што го користи за да ја опише опозицијата.
Facebook Forum