Линкови за пристапност

САД воведоа нови санкции против поединци и правни субјекти во Украина и Русија


За „поткопување на украинскиот суверенитет“ и бесправно присвојување на украинскиот имот во државна сопственост.

САД воведоа санкции против нова група поединци и правни субјекти во Украина и Русија, обвинети за „поткопување на украинскиот суверенитет“ и бесправно присвојување на украинскиот имот во државна сопственост.

Американската Државна благајна објави листа на 14 лица, меѓу нив и осум украински сепаратисти, како и два правни субјекта. Едниот од субјектите е Руската национална комерцијална банка. Таа работи на Крим, полуостровот којшто Москва го анексираше од Украина минатата година.

Со санкциите ќе биде замрзнат американскиот имот на лицата и правните субјекти. На лицата ќе им биде забранет влез во САД.

Државната благајна соопшти дека нападите, коишто минатиот месец ги извршиле сепаратистите поддржани од Русија во два града во источна Украина, буквално претставуваат кршење на двата договора за прекин на огнот постигнати во февруари оваа и во септември минатата година.

XS
SM
MD
LG