Линкови за пристапност

Средба Кери – Лавров за Сирија


САД и Русија и натаму со различни гледишта за тоа како да се решат внатрешните превирања во земјата.

Државниот секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во Виена започнаа разговори во обид да дојдат до заеднички став за политичката иднина на Сирија.

Русија и коалицијата под американско водство имаат воено воздушно присуство во Сирија, но имаат различни гледишта за тоа како да се решат внатрешните превирања во земјата.

Обајцата лидери ќе се сретнат и со претставници на ОН, Турција и Саудиска Арабија.

Русија го поддржува сирискиот претседател Башар Ал Асад политички и воено, додека САД веруваат дека Асад не треба да биде дел од каква било долгорочно политичко решение за сирискиот конфликт.

Коалицијата под американско водство обезбедува воена поддршка за умерената опозиција во Сирија, како дел од пошироката кампања во борбата против милитантите на Исламската држава во оваа земја.

Сепак, Русија во воздушните напади цели на мети на опозицијата, како дел од напорите да ја поддржи сириската влада.

XS
SM
MD
LG