Порпаролот на Одделот за одбрана, морнаричкиот капетан Џеф Дејвис, изјави дека во моментов се доработуваат деталите и се очекува документот да биде потпишан.
Тој подвлече дека овој меморандум не е дел од поширок договор за тоа како обете земји треба да дејствуваат во Сирија.
Договорот се однесува на превенција, американски и руски авиони да се судрат над Сирија, каде и САД и Русија изведуваат воздушни напади.
Американски претставник за Гласот на Америка изјави дека меморандумот за разбирање ќе вклучи избор за радио фреквенција за комуникација, како и други безбедносни мерки, со цел, „професионално“ користење на воздушниот простор над Сирија.