Русија отпочна воздушни напади во Сирија, неколку часа откако горниот дом на парламентотот го одобри барањето на рускиот претседател Владимир Путин за распоредување воени сили во земјата во знак на поддршка на владата на Башар ал-Асад, соопштија анонимни американски претставници.
Според истиот извор, руски воен претставник ги информирал САД за планираните напади во близина на Хомс. Извесувањето дојде два дена откако претседателот Путин се сретна со претседателот Барак Обама во Њујорк, а во фокусот на разговорите беше поблиска соработка во воените активности во Сирија.
Портпаролот на руската влада на државната телевизија соопшти дека рускиот парламент ја одобрил употребата на воена сила во Сирија.
Според претставници на Пентагон, Русија изминативе недели Русија го зголемувала военото присуство во северозападна Сирија со бомбардери и трупи.
Претходно, рускиот лидер изјави дека Асад треба да остане на власт за да се бори против тероризмот.
САД вршат притисок Асад да поднесе оставка на функцијата.