Линкови за пристапност

Сешнс се повлече од учество во истрага за наводна вмешаност на Русија во изборите во САД


Главниот правобранител изјави дека во никој случај немал намера да ја изврти вистината за време на распитот, и како што го разбрал прашањето во моментот, одговорите му биле „искрени и точни“.

Главниот правобранител Џеф Сешнс се повлече себеси од учество во каква било федерална истрага за наводно мешање на Русија во изборите во САД.

Сешнс одржа прес-конференција, по извештајот на Вашингтон пост дека како сенатор и советник во кампањата на претседателот Доналд Трамп, на два пати се сретнал со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак, но за време на сенатскиот распит за потврда на функцијата, не ја обелоденил оваа информација.

Тој изјави дека во никој случај немал намера да ја изврти вистината и како што го разбрал прашањето во моментот, одговорите му биле „искрени и точни“.

Сешнс додаде дека двете средби со амбасадорот Кисљак, биде дел од неговите работни обврски, како член на Сенатската комисија за вооружени служби, како и дека „бројни“ други амбасадори исто така побарале средба.

Трамп, кој претходно кажа дека не мисли оти Сешнс треба да се повлече од истрага за Русија, го нарече искрен човек, кој можеби требало на прашањето на распитот да одговори попрецизно.

„Демократите преувеличуваат. Загубија на изборите и сега го загубија чувството со реалноста. Ова е комплетен лов на вештерки“, изјави американскиот претседател.

Федералното Истражно Биро (ФБИ), кое е дел од Одделот за правда на чие чело е Сешнс, води истрага за наводната вмешаност на Русија во изборите во САД во ноември и за каква било поврзаност на кампањата на Трамп и владата на рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG