Линкови за пристапност

Русија ги отфрли американските санкции заради нападот врз Скрипл


САД велат дека Москва го прекршила меѓународното право со користењето на нервен агенс против своите граѓани

Русија вели дека новите санкции што САД ги наметнаа заради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка во Велика Британија, се нелегални и дека Москва не е поврзана со инцидентот од март, годинава.

Стејт департментот одуката за санкциите ја соопшти вчера, велејќи дека Русија го прекршила меѓународното право со употребата на нервен агенс против сопствените државјани. Санкциите треба да стапат на сила на 22-ри август и вклучуваат забрана за издавање на американски лиценци за извоз на високотехнолошки производи во Русија.

Кремљ потегот го нарече „неприфатлив“. „Ограничувањата се апсолутно нелегални и не се во согласност со меѓународното право“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Руската амбасада во Вашингтон соопшти дека санкциите се засновани на „претерани обвиненија“ и дека Русија поддржува транспарентна истрага за тоа што се случило.

Виш претставник на Стејт департментот изјави дека Русија во рок од 90 дена може да се соочи со други построги санкции, освен ако Москва не обезбеди „сигурни гаранции“ дека повеќе нема да користи хемиско или биолошко оружје.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги поздравува американските санкции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG