Линкови за пристапност

Реакции за санкциите врз Русија


Според руските државни медиуми, новата ситуација ќе им наштети на односите Москва - Вашингтон

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, вели дека Москва најверојатно ќе им се одмазди на САД како одговор на новата серија санкции со кои Русија се казнува за мешање во минатогодишните претседателски избори.

Претставничкиот дом во вторникот воедно одобри легислатива со која се прошируваат конгресните проверки на овластувањата на претседателот Доналд Трамп за олеснување на овие казни

Според руските државни медиуми, Рјабков предупреди дека новите санкции ќе им наштетат на какви било шанси за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон.

Новите овластувања за надзор беа усвоени со 419 гласа „за“ и 3 „против“ и тоа по двопартиски преговори и процедурални одложувања кои траеа повеќе од еден месец. Претходната верзија на предлог-законот со големо мнозинство од 97 гласа „за“ и 2 „против“, беше усвоена и во Сенатот во јуни.

Предлог-законот на Претставничкиот дом вклучува и санкции против Иран и Северна Кореја.

Доколку Трамп стави вето на предлог-законот, чекорот најверојатно ќе биде одбиен од Конгресот. Промените во верзиите на обата дома на Конгресот ќе треба допрва да се усогласат, пред да бидат испратени кај претседателот за потпис.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG