Линкови за пристапност

Бела куќа: Активностите на Москва значат натамошно влошување на односите САД - Русија


Кремљ врачи протесни ноти до државите кои протераа руски претставници заради случајот Скрипал

Руското Министерство за надворешни работи на претставници на странски држави, кои ги протераа руските дипломати, им дадоа протесни ноти, информирајќи ги за мерките за одмазда на Русија.

Меѓу нив се амбасадорите на Германија, Холандија, Украина, Франција, Италија и Полска.

Вашингтон тврди дека Москва нема оправдување за протерувањето на американските дипломати.

Во соопштение на Белата куќа се вели дека активностите на Кремљ значат „натамошно влошување на односите меѓу САД и Русија“.

Протерувањето на непријавените руски разузнавачки офицери од страна на САД и од преку 20 земји-партнери и НАТО-сојузници претходно неделава, беше соодветен одговор на рускиот напад со нервен агенс во Велика Британија. САД ќе се справат со тоа, се додава во соопштението.

И државната потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавност, Хедер Нуерт, ги критикуваше акциите на Москва, кои претходно ги објави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Русија не треба да се претставува како жртва“, додаде портпаролката на Стејт департментот, подвлекувајќи дека единствените вистински жртви се оние кои се отруени во британскиот град Салисбери на 4-ти март, алудирајќи на случајот Скрипал.

Лавров најави протерување на 60 американски дипломати, како одговор на одлуката на Вашингтон, кој нареди заминување на ист број руски претставници.

Русија воедно го затвора и американскиот конзулат во Санкт Петербург, со наредба да престане со операциите во рок од два дена.

Москва негира одговорност за нападот во Британија, тврдејќи дека бил извршен од страна на британските разузнавачки служби, со цел Русија да изгледа лошо. Велика Британија го отфрли тој став.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG