Линкови за пристапност

Мулер ќе сведочи јавно во Претставничкиот дом


Специјалниот советник Роберт Мулер се согласи следниот месец јавно да сведочи пред Комисијата за правосудство и Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом во врска со неговата истрага за мешањето на Русија во претседателските избори во 2016-та година.

Демократските претседавачи на комисиите, Џеролд Надлер и Адам Шиф објавија дека Мулер ќе сведочи на 17-ти јули.

Неговата речиси двегодишна истрага се однесуваше на наводите дека претседателот Доналд Трамп ја попречувал правдата, обидувајќи се да ја спречи истрагата.

Во редактираната верзија на финалниот извештај кој беше издаден во април, Мулер заклучи дека кампањата на Трамп не била поврзана со Русија, но не донесе заклучок дали претседателот ја попречувал правдата.

Досега единствените јавни коментари на Мулер се оние од мај, кога тој прочита изјава, но не одговори на новинарски прашања. Тој кажа дека сака неговиот извештај да говори за себе, без тој да мора јавно да сведочи.

Но, Надлер и Шиф издадоа покана за сведочење велејќи дека јавноста заслужува од Мулер да слушне за истрагата и неговите заклучоци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG