Демократот Адам Чиф од Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом изјави дека републиканците направиле измени на писмото пред да го испратат во Белата куќа, место да ја испратат верзијата која ја покажале на законодавците, и која била одобрена за објавување.
Документот, кој Белата куќа може да одлучи да го објави во јавност најрано денеска, наводно покажува необјективност во Одделот за правда кон претседателот Доналд Трамп.
Тој беше слушнат како зборува за писмото во вторникот, кога беше претседателското обраќање до нацијата, кога на коментар на републиканецот Џеф Данкан да се објави документот, Трамп одговори дека тоа ќе се случи 100 проценти.
Во меѓувреме, Чиф во писмото до претседавачот на Републиканската комисија Девин Нунес, вели дека демократите, вчера вечерта, откриле дека документот претрпел „суштински измени“, кои членовите на Комисијата не биле во можност да ги проверат и одобрат, и оти ситуацијата била „длабоко загрижувачка“.
Портпаролот на Нунес одговори дека верзијата која била испратена до Белата куќа има само „минимални измени“, и оти демократите се обидувале да го свртат вниманието од „наведените злоупотреби во документот“.
Вчера, Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека има „сериозни грижи“ за веродостојноста на писмото, и оти имало лимитирана можност да го прегледа документот, долг четири страници, пред Комисијата да гласа за негово одобрување.
Facebook Forum