Линкови за пристапност

САД: Русија го нарушува договорот за контрола на оружјето


Секретарот за одбрана на САД вели дека разговара со неговите колеги од НАТО за начините како да се принуди Москва да се држи до договореното

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, рече дека министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО, размислуваат за начините како да ја принудат Русија да се држи до клучен договор за контрола на оружјето.

САД тврдат дека Русија распоредила кртосувачки ракети, со што се крши Договорот за уништување на ракети со среден домет, а со кој се забранува распоредување на американски и руски нуклеарни проектили со капацитет да бидат лансирани од копно.

„Имаме цврсто уверување дека во текот на неколку години, Русите го прекршиле Договорот за уништување на ракети со среден дострел и нашите напори се насочени кон тоа Русија да се држи до договорот“, изјави Матис за новинарите во Брисел, за време на средбата со неговите колеги од НАТО.

Матис рече дека разговорите во НАТО за Русија се одвиваат заедно со разгледувањето на другите договор за контрола на оружјето.

„Ова е апсолутно неопходно, за да се одржи довербата во договорите за контрола на оружје и тоа го правиме на суштински, транспарентен и проверен начин“.

Русија ги негира тврдењата, и ги обвини САД за кршење на договорот. Москва тврди дека американскиот ракетен систем „Патриот“ кој е распореден во Полска и Романија може да биде прилагоден за лансирање на ракети кон Русија.

Матис додаде дека и неколку други членки на Алијансата, исто така имаат докази дека Русија не се држи до договорот, и додаде дека тој и министрите за одбрана од НАТО ќе разговараат со Русија во обид да го решат проблемот.

Договорот беше потпишан во 1987-та година од страна на американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG