Линкови за пристапност

Русија ќе распореди дополнителни трупи долж своите граници


Ова е реакција на засиленото воено присуство на НАТО во Источна Европа

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави:

„Министерството за одбрана презема серија мерки како противтежа на зголеменото присуство на војници на НАТО близу руските граници. До крајот на годинава ќе бидат формирани две нови дивизии во Западната и Јужната воена област. Во моментов се работи на објектите кадешто ќе бидат сместени овие единици“.

Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Еш Картер, неделава кажа дека НАТО ја разгледува можноста за распоредување на нешто повеќе од 8.000 војници во Источна Европа.

XS
SM
MD
LG