Линкови за пристапност

Белата куќа ќе одлучи за судбината на меморандумот против ФБИ


Администрацијата на Трамп ќе треба да го декласифицира извештајот на демократите, пред да може да биде објавен во јавност

Белата куќа ќе одлучи што ќе прави со демократското отфрлање на меморандумот на републиканците, со кое се тврдат злоупотреби на овласувањата на Федералното истражно биро (ФБИ), за време на руското мешање во изборите во САД во 2016-та година.

Членовите на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом гласаа да го објават извештајот, со кој се покажува спротивставен поглед на пристапот, кој бил искористен за обезбедување дозвола за владино следење на Картер Пејџ, поранешен советник на кампањата на Трамп, обвинет за контакти со Русија.

Актуелната администрацијата ќе треба да го декласифицира извештајот на демократите, пред да може да биде објавен во јавност.

Неколкумина републикански законодавци ги отфрлаат тврдењата на Трамп, дека документот изготвен од републиканскиот претседавач на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, целосно го оправдува него од незаконско постапување во истрагата за наводно руско мешање во изборите, и за попречување на правдата, во обид да се ограничи улогата и интензитетот на истрагата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG