Долниот дом на руската Дума усвои легислатива која може да ги принуди странските медиумски организации да се регистрираат како „странски агенти“.
Усвоената мерка на руските законодавци е одмазнички одговор на барањето на американскиот Оддел за правда телевизиската станица РТ, која е поддржана од Кремљ, да се регистрира како странски агент во САД.
Руските пратеници усвоија и амандмани со кои се проширува законот од 2012-та, кој се однесува врз невладини организации и вклучува странски медиуми.
Легислативата не вклучува и листа на медиуми, кои ќе бидат предмет на истрага за нивното финансирање, изворите на информирање, и персоналот што ќе го има статусот на странски агенти.
Facebook Forum