Линкови за пристапност

Руски авион прелетал на шест метри растојание од американски


Американскиот шпионски авион бил на мисија над Црното Море

Од морнарицата на САД соопштија дека руски борбен авион порано неделава прелетал на само шест метри оддалеченост од американски шпионски авион, но дека пресретнувањето било професионално.

Рускиот авион бил испратен да го пресретне авионот на американската морнарица, „П-8A Посејдон“ кој летал во меѓународниот воздушен простор. Според руското Министерство за одбрана, авионот бил во близина на руската територија.

Рускиот пилот му се приближил на шпионски авион „на безбедно растојание,“ со цел да го идентификува американскиот авион, се вели во соопштението. Американскиот авион го променил курсот на летањето, а рускиот борбен авион се вратил во својата база.

Портпаролката на американската морнарицата, Памела Кунци во соопштение кажа дека пресретнувањето било спроведено „безбедно и професионално“ занемарувајќи ја близината на рускиот авион.

Кунци вели дека авионите и бродовите на морнарицата на САД имаат рутинска интеракција со руските колеги во меѓународните води, но не` даде други детали.

Овој инцидент е најнов од серијата блиски средби на американски и руски авиони и бродови. Во февруари, четири руски авиони прелетаа во близина на брод-разурнувач во Црното Море, на оддалеченост од 91 метри.

Минатиот месец, армијата на САД пресретна два руски бомбардери во меѓународниот воздушен простор, во близина на брегот на Алјаска.

Таа средба од американска страна беше опишана слично како и најновата "безбедна и професионална.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG