Линкови за пристапност

САД се повлекуваат од договорот со Русија за контрола на нуклеарното вооружување


Помпео најави официјално известување до Русија во рок од шест месеци, ако таа не престане да го прекршува овој договор

САД се повлекуваат од деценискиот Договор за контрола на нуклеарното вооружување, предизвикувајќи загриженост кај некои аналитичари дека овој потег може да предизвика нов натпревар на вооружување.

Државниот секретар Мајк Помпео рече дека официјално од утре Вашингтон го суспендира договорот со Русија, кој е во сила уште од Студената војна.

САД ја обвинија Русија за прекршување на овој договор, со кој се забранува одредени видови проектили. Русија, пак, ги отфрли обвинувањата.

Помпео рече дека Стејт департментот ќе испрати официјално известување до Русија за повлекувањето во рок од шест месеци, ако Русија не престане да ја прекршува спогодбата.

Повлекувањето на САД се очекуваше со месеци, како резултат на нерешениот спор со Москва.

„Наша должност е да одговориме соодветно“, изјави Помпео.

Минатиот месец Помпео рече дека САД ќе и` дадат на Русија рок од 60 дена да почне да го почитува Договорот, којшто рок истекува утре.

Белата куќа изјави дека Русија тајно работи на изградба на проектили што претставува директна закана за сојузниците и трупите во странство.

Рускиот заменик - министер за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека повлекувањето претставува серизона штета за меѓународниот систем за контрола на вооружувањето.

НАТО целосно го поддржа повлекувањето на САД од Договорот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG