Линкови за пристапност

Американецот обвинет за шпионажа во Русија останува во притвор


Пол Вилан обвинет за шпионажа во Русија ќе остане во затвор најмалку до крајот на следниот месец.

Поранешниот американски маринец ќе се врати на повторно судење откако вчера му беше одбиена можноста за кауција. Тој беше уапсен во Москва минатиот месец.

Неговото семејство вели дека Вилан е невин и дека во Москва бил за да присуствува на свадба.

Постојат шпекулации дека Русите ќе се обидат да го искористат Вилан како аргумент за ослободување на Марија Бутина која се изјасни за виновна за инфилтрирање во конзервативното политичко движење во САД како руски агент.

Бутина беше обвинета за дејствување како странски агент во САД.

Кремљ ја отфрли идејата дека Вилан бил задржан заради можна размена на притвореници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG