Русија не се повлекува од кибернетскиот просторот, напротив го забрзува темпото на работењето против САД, коментира виш разузнавачки службеник.
„Русија има се` поагресивна кибернетска позиција, преку зголемување на операциите на кибернетска шпионажа и протекување на податоци украдени, од тие операции“, рече директорот на Националното разузнавање, Ден Коатс.
Коатс не го елаборираше обемот или целта на руските кибернетски операции, но предупредил дека се поголем број на непријатели се обидуваат да влијаат на јавното мислење.
„Непријателите го користат Интернет како ехо-комора во која информациите, идеите или верувањата се засилуваат или зајакнуваат со повторување“, рече Коатс за време на Самитот за кибернетска безбедност во Вашингтон.
„Нивните напори сакаат да ја поткопаат вербата во нашите институции или да поттикнат на насилството во име на идентитетот“, вели овој разузнавач.
Вишиот разузнавач исто така рече дека хакерите се повеќе се насочуваат кон американската одбранбена индустрија.
„Ваквите упади, дури и ако се наменети за кражба и шпионажа, ненамерно може да предизвикаат сериозни, ако не и катастрофални штети, кога непријателот со мала деструктивна кибернетска активност против САД може да направи грешка“, рече Коатс.
Во некласифициран извештај објавен во јануари, разузнавачките агенции на САД заклучија дека рускиот претседател Владимир Путин водел „кампања за влијание“ за време на претседателските избори во 2016-та година.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во неколку наврати ги доведе во прашање овие оценки, сугерирајќи дека не е јасно дали Русија е одговорна.
Сепак, минатата недела, внатрешна истрага на Фејсбук покажа дека од 470 профили поврзани со Русија биле платени илјадници политички реклами за време на минатогодишните претседателски избори.
Фејсбук во понатамошната истрага, исто така откри дека уште 2.200 реклами „можеби потекнуваат од Русија“, вклучувајќи реклами купени од ИП адреси од САД, но поставките за јазикот се на руски.“
Сите овие профили се укинати.
Демократскиот законодавец, Марк Ворнер, потпретседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот, минатата недела изјави дека откритијата може да бидат „врв на ледена санта“ и дека Русија, исто така, веројатно манипулира со други платформи на социјалните медиуми, како Твитер и Гугл.
И покрај сомненијата, Трамп и некои негови поддржувачи, поранешните официјални претставници останаа непоколебливи во тоа дека Русија е одговорна за хакирањето на Демократскиот национален комитет, во обид да ја дискредитира кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон.
„Ние лично ги разгледавме сите делови од разузнавачките информации што влегоа во процената на разузнавачката заедница“ изјави Ричард Ледџет, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност.
Facebook Forum