Линкови за пристапност

Џон Хантсман нов амбасадор на САД во Москва


Потврдата беше едногласна и брза, во која демократите и републиканците се приклучија во редок консензус, за да го поддржат изборот на претседателот Трамп

Американскиот Сенат го потврди Џон Хантсман за нов амбасадор на САД во Русија, пополнувајќи го празното место во критичното време во односите меѓу САД и Русија.

Хантсман е поранешен гувернер на сојузната држава Јута, а претходно бил амбасадор во Сингапур и Кина.

Потврдата беше едногласна и брза, во која демократите и републиканците се приклучија во редок консензус, за да го поддржат изборот на претседателот Доналд Трамп за високиот американски дипломат во Москва.

Вашингтон пост го цитираше демократскиот сенатор Бенјамин Кардин, кој рече дека Трамп не можел да направи подобар избор од Хантсман.

Новиот американски амбасадор ќе пристигне во Москва, во време на натамошни високи тензии меѓу двете држави, особено за обвинувања за руско мешање во американските избори како и мешање во источна Украина.

Претседателот Трамп ги отфрли обвинувањата на политичките противници за поврзаноста на неговата кампања со Русија.

Хантсман сведочеше овој месец пред Комисијата за надворешни односи на Сенатот и рече дека, според него, „нема сомнение“ дека Москва се вмешала во минатогодишните претседателски избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG