Линкови за пристапност

Бутина останува во притвор


Таа се соочува со пет години затвор, по судењето на 12-ти февруари

Русинката Марија Бутина останува во притвор во САД, откако се изјасни за виновна дека делувала како агент на Кремљ.

Обвинителите велат дека Бутина работела да изгради врски со Националната асоцијација за оружје, како и да се инфилтрира во кругови на Републиканската партија за да пренесува информации во Москва.

Бутина првично се изјасни за невина. Како дел од договорот со обвинителите да признае вина, таа се согласи да соработува и да помогне во истрагата за руското мешање во политичките работи на САД.

Бутина се соочува со пет години затвор, по судењето на 12-ти февруари.

Нејзиниот случај е одвоен од истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер, која се однесува на можна соработка на кампањата на претседателот Доналд Трамп со Русија, како и за можно поречување на правдата од страна на претседателот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG