САД и Русија ќе одржат разговори во јануари за контрола на нуклеарното оружје и тензиите на границата меѓу Русија и Украина.
Портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа изјави дека двете страни ќе се сретнат на 10. јануари, по што ќе следат разговорите Русија - НАТО на 12. јануари и состанок на 13. јануари на Русија, САД и други членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
„Кога ќе разговараме, Русија може да ги стави нејзините грижи на маса, ние ќе ги ставиме нашите. Ќе има области каде ќе можеме да направиме прогрес, и области во кои нема да се согласуваме. Тоа е диплoматија“, рече портпаролот.
Западните влади се алармирани од распоредувањето на руски трупи на границата со Украина, иразувајќи загриженост за потенцијални планови за руска инвазија.
Рускиот лидер Владимир Путин негира такви планови и бара гаранции против ширење на НАТО во близина на нејзината територија.
Портпаролот на Советот за национална безбедност рече дека за време на разговорите меѓу САД и Русија нема да се постигнат одлуки за Украина.
„Пристапот на претседателот Бајден кон Украина е јасен и постојан - ние сме обединети како алијанса за последиците со кои Русија ќе се соочи ако ја нападне Украина“, рече порпаролот.
Дел од информациите во текстот се преземени од агенцијата Франс-прес и Ројтерс
Facebook Forum