Линкови за пристапност

Русија најави дека ќе им возврати на САД за протерување на дипломатите


Американските власти наредија 60 руски дипломати обвинети за шпионажа да ја напуштат државата во рок од една недела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неговата Влада ќе им возврати на САД, кои вчера наредија 60 руски дипломати обвинети за шпионажа, да ја напуштат државата во рок од една недела.

Голем број американски сојузници, меѓу кои Франција, Германија и Полска го направиле истото, соопшти Белата куќа.

Нападот врз Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, предизвика силна меѓународна реакција.

Покрај протерувањето 60 руски дипломати, САД наредија и затворање на рускиот конзулат во Сиетл.

Белата куќа рече дека претседателот Доналд Трамп сè уште сака да соработува со Русија.

„Труењето во Британија беше дрско дејство. Беше невнимателна акција. Тоа не само што ги загрози тие две лица, туку во опасност доведе и други цивили, многу невини цивили“, изјави Раџ Ша, портпарол на Белата куќа.

Трамп, кој зборуваше со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела, е вклучен во дискусиите за протерување на руските дипломати, велат официјални лица.

„Ова е апсолутно негова одлука“, изјави висок официјален претставник.

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов изјави дека Москва е нападната со протерувањата, велејќи дека тоа е спротивно на „конструктивниот“ телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин, минатата недела.

Некои аналитичари велат дека силната американска акција е неочекувана и може да биде пресвртница за администрацијата на Трамп.

Другите аналитичари велат дека овој потег претставува солидаризирање на САД со Британија и испраќање сигнал до Путин.

Експертите велат дека Путин најверојатно ќе возврати соодветно, со протерување на најмалку 60 американски дипломатски персонал од Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG