Линкови за пристапност

Тилерсон: Трамп бара да ги обновам односите со Русија


Државниот секретар го истакна ова пред утрешното конгресно сведочење на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми

Државниот секретар Рекс Тилерсон вели дека претседателот Доналд Трамп побарал од него да ги забрза напорите за обновување на релацијата со Русија, и да не дозволи хаосот што се случува околу истрагите за изборите да го поречи тоа.

Тилерсон рече дека претседателот истакнал оти тој треба да остане фокусиран на обновување на довербата со Москва, која, тој рече, е на ниско ниво.

„Претседателот беше јасен да не дозволам она што се случува овде да ме спречи да ја вршам работата, потребна за оваа врска. Тој исто така беше јасен дека треба да делувам во кои било области, за кои сметам дека можат да направат прогрес“, вели Тилерсон.

Во Вашингтон, пак, портпаролот на Стејт департментот Хедер Нуерт, изјави дека борбата против Исламската држава е една област во која САД и Русија ќе можат да соработуваат.

„Ќе ги утврдиме областите на заеднички интерес, на кои ќе можеме да работиме заедно, но, важно е да се знае, дека во областите во кои се разидуваме во ставовите со Русија, ќе останеме зад нашите интереси, вредности, како и зад вредностите на нашите партнери“, рече Нуерт.

Но, со можни чувствителни истраги, може да биде тешко за Тилерсон да ги унапреди односите со Русија

„Мислам дека тој може да се обиде, но, според моја политичка претпоставка, тоа нема да биде реално сценарио. Начинот на кој претседателот и Белата куќа се справуваат со овие грижи, на некој начин укажува дека сакаат да сокријат нешто“, вели Стивен Пајфер од Институтот Брукингс.

Тој смета дека каков било напредок во односите САД-Русија, ќе бара голема промена во политиката на Москва кон Украина, од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG