Линкови за пристапност

Каква иднина имаат американско-руските односи?


Експерти коментираат за промените кои што може да дојдат со претседателствувањето на Трамп

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изрази сомнеж за тоа дали Москва стои зад хакирањето на компјутерските системи поврзани со Демократската партија на САД. Тој исто така повика на подобрување на односите со Русија, дури и го пофали рускиот претседател Владимир Путин за неговиот избор да не одговори реципрочно на минатонеделното протерување на руски дипломати од САД.

Во исто време, водечки член од партијата на Трамп ветува „нови санкции“ против Русија, како дополнение на оние спроведени од администрацијата на Обама како одговор на рускиот хакерски напад. Помеѓу оние кои се засегнати од последните санкции се и руската агенција за воено разузнавање - ГРУ, која е обвинета за хакирање на Демократската партија.

Републиканскиот сенатор од Јужна Каролина Линдзи Греам за Радио Слободна Европа кажа дека тој и неговите колеги ќе воведат санкции кои за цел нема да го имаат само рускиот енергетски и банкарски сектор, разузнавачките агенции туку и блискиот круг на Путин.

Имајќи ги во предвид контрадикторните планови на ново избраниот претседател на САД Доналд Трамп и законодавците од неговата партија, прашање за тоа како руските експерти надворешна политика размислуваат за билатерални односи по заминувањето на Обама и доаѓањето на Трамп?

Аналитичарката Лилиа Шестова за руската редакција на Гласот на Америка кажа дека иако „главните“ експерти за надворешна политика повикуваат на проширување на каналите на комуникација помеѓу естаблишментот на двете земји, не постои гаранција дека тоа ќе се случи

Таа вели дека Обама се обидел да стори нешто слично во 2008-та година со тогашниот руски претседател Дмитри Медведев, но напорите пропаднале.

Мултиполарен свет

Шестова додава дека идејата за мултиполарен свет е наследена од Евгениј Примаков, советски и руски министер за надворешни работи кој почина во 2015-та година. Според него, мултиполарниот свет треба да се случи кога САД ќе се повлечат од позицијата глобален лидер.

Валери Гарбузов, директор на Институтот за американски и канадски студии при Руската академија на науки за Гласот на Америка кажа дека тој верува дека претседателствувањето на Трамп ќе доведе до подобрување на билатералните односи.

„Верувам дека главната задача е пред се промоција на трговската и економската соработка, кое несомнено ќе доведе до укинување на санкциите, и после тоа и се друго вклучувајќи ги научните и културните врски“, оцени Гарбузов.

Сепак, Гарбузов вели дека не е сигурен дека Трамп може да ги надмина штетите од нарушените американско - руски односи во последниве години, и можноста од противење на неговите инцијативи од Демократската и Републиканска партија.

XS
SM
MD
LG