Линкови за пристапност

САД нудат награда до 1 милион долари


За информација што ќе доведе до апсење на романскиот кибернетски измамник Николае Попеску

САД понудија награда до 1 милион долари за информација што ќе доведе до апсење на романскиот измамник Николае Попеску којшто, како што наведуваат властите, на Американците им продавал непосточки луксузни автомобили и јахти.

Федералното истражно биро (ФБИ) го стави Попеску на својата листа на 10 најбарани кибернетски криминалци. Попеску е обвинет дека бил на чело на групата што објавувала лажни Интернет-огласи за скапи автомобили, јахти и мотоцикли. Купувачите добивале инструкции да вршат уплата на лажни банкарски сметки од коишто потоа парите се префрлале до водачите на групата во Романија.

Властите наведуваат дека американските купувачи вкупно изгубиле милиони долари пред да биде разбиена измамничката шема.

ФБИ нуди и награда од 750.000 долари за наводниот соработник на Попеску, Димитру Даниел Босогиоиу.

XS
SM
MD
LG