Граѓани во САД имаат долг од повеќе од 21,5 милијарди долари за заостаната кирија, додека демокартите и републиканците преговараат за нова економска помош за последиците од КОВИД-19, објави Ројтерс.
Сенатот оваа недела предложи нов план, кој не предвидува продолжување на федералната забрана за иселување, со која беа опфатени една третина од граѓаните кои изнајмуваат место за живеење.
Дополнително, утре истекува рокот за добивање федерални бенефиции за невработеност од 600 долари неделно.
Аналитичарите велат дека ако не се донесе брзо решение, тоа би довело до зголемено бездомништвото, како никогаш досега.
Економскиот аналитичар Марк Занди, смета дека заостаната кирија нема да ја промени макроекономијата, но, оти ќе биде катастрофална ситуација за граѓаните.
„Многу малку луѓе ќе успејат да го платат заостанатиот долг“, рече тој.
Експертите велат дека постои ризик од иселување, запленување на имот и банкрот, како и неможност да се платат даноци.
Во меѓувреме, Сенатот предлага пакет кој се фокусира на „враќање на децата во школо, работниците на работа, и добивање на битката против вирусот“.
Ројтерс објави дека Центарот за комуникации на Сенатот не одговорил на барањата за коментар.
Facebook Forum