Линкови за пристапност

Но со новата извршна наредба на претседателот се воведуваат построги мерки за лица од 11 држави кои сакаат да влезат во државата

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се обновува приемот на бегалци во државата, но наметна построг надзор врз државјани од 11 земји, за кои се смета дека претставуваат висок ризик по националната безбедност.

Официјални претставници одбија да ги именуваат 11-те земји, но Ројтерс и Француската новинска агенција ги идентификуваат истите земји чии државјани веќе треба да бидат проверени на повисоко ниво, познато како Советодавно мислења за безбедност: Египет, Иран, Ирак, Либија, Мали , Северна Кореја, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Сирија и Јемен.

Наредбата од вторникот е најнов обид на претседателот Трамп да продолжи да ги следи предизборните ветувања за намалување на бројот на бегалците кои влегуваат во државата.

Од почетокот на годината илјадници бегалци влегоа во САД, и покрај двете извршни наредби на Трамп за стопирање на програмата.

По првичната извршна наредба, уследија тужби и таа беше блокирана, но подоцна Врховниот суд на САД утврди дека приемот на бегалци може продолжи ако тие можат да покажат „добронамерни“ блиски семејни врски со лица кои веќе се наоѓаат во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG