Администрацијата на претседателот Доналд Трамп драстично ја намалува бројката бегалци што може да бидат прифатени во САД.
Државниот секретар Мајк Помпео најави дека на само 30.000 бегалци ќе им биде дозволено да влезат во 2019-та, што претставува најниска бројка откако е формирана програмата за прифаќање бегалци во 1980-та.
Помпео рече дека САД се очекува да процесираат 30.000 бегалци и 280.000 баратели на азил за фискалната 2019-та, која почнува на први октомври.
Шефот на американската дипломатија инсистира дека бројката на бегалци „мора да биде земена во контекст на другите форми на заштита и помош што ги нудат САД“.
Тој ја напомена националната безбедност, како главна причина за намалување на бројката, истакнувајќи дека досегашниот систем не нуди доволна проверка на бегалците кои имаат евентуални врски со тероризмот.
За време на последната година од мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, САД прифатија 85.000 бегалци.
Facebook Forum