Линкови за пристапност

САД посакуваат добредојде на бегалците, но внимаваат и на безбедноста


САД посакуваат добредојде на бегалците, но внимаваат и на безбедноста
САД посакуваат добредојде на бегалците, но внимаваат и на безбедноста

Речиси 700.000 имигранти од преку 200 земји станаа американски државјани изминатава година, според податоците од Американската агенција за државјанство и имиграција. Од август 2009-та на чело на Агенцијата со 18.000 вработени е Алехандро Мајоркас, и самиот доселеник.

Тој верува дека улогата на агенцијата е двонасочна: да им посака добредојде на новодојденците, но истовремено и да ја зајакнува американската национална безбедност.

„Тоа се две страни од една иста работа. Прифаќаме голем процент од бегалците во светот. Ние навистина сме земја на надеж и можности за светот, за оние на кои им е потребно засолниште, подобар живот. Истовремено, не им посакуваме добредојде на оние кои ни причинуваат зло“.

Освен домородното население, сите сегашни американски државјани и нивните предци се дојдени однадвор. Иако САД се земја на имигранти, Мајоркас смета дека американските граници мора да бидат строго контролирани. Конгресот го ограничува и видот, и бројот на визите што се нудат.

„Постојат посебни визни програми преку кои доаѓаат привремени работници, лица со посебни вештини, земјоделски работници и работници од различни професии кои се вклопуваат во различните виза-програми на Конгресот“, вели тој.

„Притоа постојат барања и одредби, за секоја од овие програми, за баланс на нашата желба да внесеме талент, но и да ја штитиме американската работна сила“, додава Мајоркас.

Американската имиграциона политика обезбедува и заштита за политички репресираните лица.

„Програмите за азил и оние за бегалци ја дефинираа нашата земја како место за засолниште за лицата кои се гонат заради членство во одредена група, на пример“, вели Мајоркас.

Додека Америка нуди огромни можности за имигрантите, Мајоркас подвлекува дека зависи од самите имигранти да го извлечат најдоброто од можностите преку самоиницијатива, напорна работа и образование.

Додека Мајоркас е горд заради сопственото емигрантско наследство, тој е и горд на исклучителната културна и етничка разновидност што имигрантите во Америка ја носат во САД. Во Њујорк, на пример, меѓу децата на школска возраст сеговори на преку 180 мајчини јазици.

„Тоа е убавината на Америка“, заклучува Мајоркас.

За да напредуваат, Мајоркас додава дека имигрантите мора сепак да се интегрираат во американското општество. За да стекнат државјанство, сите апликанти мора да имаат основно познавање на англискиот јазик и општо познавање на американската историја и начинот на кој функционира демократијата.

XS
SM
MD
LG