Линкови за пристапност

Рикер назначен за привремен амбасадор на САД во Лондон


Тој беше американски амбасадор во Северна Македонија од 2008 до 2011 година

Амбасадорот Филип Рикер е назначен за шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Лондон, привремено, во отсуство на амбасадор, соопшти Стејт департментот.

Тој ќе ја презеде оваа функција на први август. Амбасадорот Рикер во моментов е в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Рикер беше амбасадор на САД во Северна Македонија од 2008 до 2011 година.

Канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, рече дека САД немаат поблизок сојузник од Обединетото Кралство, и оти амбасадорот Рикер е посветен да продолжи да го унапредува овој специјален однос.

Рикер учествуваше на регионална конференција во Охрид на почетокот на месецов, каде истакна дека Северна Македонија е значаен придонесувач на глобалната безбедност, а македонската дипломатија ја нарече храбра во контекст на потпишувањето на Договорот од Преспа и заложбата за добрососедски односи.

Тој ја истакна заложбата на САД за што побрза интеграција на земјата во ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG