Нова анкета во САД укажува дека земјата се` уште не навлегла во состојба на расна хармонија којашто многумина ја предвидуваа со изборот на првиот претседател – Афроамериканец.
Речиси шесторица на секои 10 Американци, а меѓу нив и значителни мнозинства на белците и црнците, сметаат дека во земјата во моментов има лоши расни односи, а речиси четворица на секои 10 мислат дека односите се влошуваат, според анкетата на Њујоркс тајмс и вестите на ЦБС, направена минатата недела.
Кусо време откако Барак Обама беше избран за претседател, две третини од Американците сметаа дека расните основи се „во основа добри“.
Во 2008-ма, за време на првата предизборна кампања на Обама, речиси 60% од Афроамериканците ги опишуваа односите како „во основа лоши“. Тој процент се намали за половина веднаш по неговиот избор. Но, сега, 68% проценти од Афроамериканците сметаат дека односите се лоши.