Линкови за пристапност

Трамп повика на одлучен одговор по насилните протести во Кеноша


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот прошета низ делови од Кеноша, Висконсин, кои беа оштетени минатата недела во граѓанските немири, што избувнаа откако од полицијата го застрела афроамериканецот Џејкоб Блејк, седум пати одзади, додека полицајците се обидуваа да го уапсат.

„Треба да бидете одлучни, да бидете цврсти, силни и подготвени да приведувате луѓе“ за да го смирите насилството, им рече претседателот на САД на полицајците.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, демократскиот кандидат што му се спротивставува на Трамп на изборите во ноември, го критикуваше Трамп дека не го осудил секое насилство, вклучително и напаѓачот обвинет за убиство на две лица и ранување на уште едно за време на протестите против пукањето на Блејк.

Трамп рече дека во Кеноша „насилната толпа демолирала или оштетила најмалку 25 бизниси, изгореле јавни згради и фрлале тули кон полицајците, за што вашите полицајци нема да се залагаат“.

„И тие не се залагаа за тоа“, рече Трамп. „Ова не се акти на мирни протести, туку вистински домашен терор“.

Бајден оваа недела го обвини Трамп дека „сака хаос и насилство“ за време на изборната сезона затоа што тој смета дека тоа е „политички спас“.

Трамп беше во посета на Кеноша, град со 100.000 жители на брегот на езерото Мичиген, спротивно на желбата на градоначалникот и на гувернерот на Висконсин, Тони Еверс.

Трамп не се сретна со семејството на Блејк за време на неговата посета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG