Линкови за пристапност

Локални шерифи го одбија планот на гувернерката на Орегон за полицискиот ангажман во Портланд


Двајца окружни шерифи во областа на Портланд го отфрлија предлогот на гувернерката на Орегон, Кејт Браун, според кој би требало да ги поддржат ноќните патроли за да се намали насилството поврзано со протестите во градот.

Браун, демократка, го понуди планот со кој се повикува државната полиција да апси лица кои вршат насилни дејства, додека окружниот правобранител на округот Мулнома ги гони сериозните злосторства извршени во Портланд.

Планот на Браун ги предвиде и околните области Клакамас и Вашингтон со помош во вид на персонал и ресурси, но во одделни изјави во понеделникот, официјалните лица го одбија, велејќи дека органите на прогонот не добиваат поддршка од обвинителите.

Во изјавата, шерифот на округот Клакамас, Крег Робертсрече дека системот за кривична правда мора да го стори својот дел и да побара одговорност од сторителите.

Робертс рече дека полицијата ги апси истите луѓе секоја вечер затоа што не се товарат од окружниот правобранител. Истото чувство го изрази и шерифот во округот Вашингтон, Пет Гарет, велејќи дека „недостатокот на политичка поддршка за јавната безбедност, неизвесниот правен пејзаж“ и „интензивната контрола на употребата на сила“ во Портланд ги направија ризиците неприфатливи за неговите заменици.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG