Линкови за пристапност

Гувернерката на Орегон повика да се стави крај на „циклусот на насилство“ во Портланд


Во неделата продолжија протестите во северозападниот град Портланд, Орегон, заедно со ветувањата на гувернерката на државата за засилување на полицијата и решавање на основните прашања што водеа со месеци до демонстрации против расната неправда.

Една група демонстранти во неделата влезе во зграда која ја користи полицијата и, како и многу вечери за време на демонстрациите, полицијата го прогласи собирот за „незаконски“ и изврши апсења.

Гувернерката на Орегон, Кејт Браун, рече во изјавата доцна во неделата дека сите, вклучително и избраните функционери, надлежните за спроведување на законите и лидерите на заедниците, треба да се обединат за да го запрат циклусот на насилство во Портланд и дека „вистинската промена ќе дојде со напорна работа за да се постигне расна правда “

Браун најави дека државната полиција во Орегон ќе испрати полицајци во Портланд за да ги ослободи локалните иследници „да ги уапсат и обвинат оние што вршат насилни дела“ и дека ќе одржи јавен форум со градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, организаторот на протестите и водачите на заедницата.

Таа, исто така, ги критикуваше постапките на „вооружените десничари“ кои им се спротивставија на демонстрантите во разни американски градови, еден ден по смртоносно пукање што уследи по судирите меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и контрапротестантите.

„Членови на десничарската група Патриотска молитва и припадници на самопрогласена паравојска минатата ноќ се возеа во центарот на Портланд, вооружени и барајќи борба“, се вели во изјавата на Браун. „Секој жител на Орегон има право слободно да ги искаже своите ставови без страв од смртоносно насилство. Јас нема да дозволам Патриотска молитва и вооружени бели супремацисти да предизвикаат уште крвопролевања на нашите улици “.

Во полициското соопштение се вели дека полицајците слушнале истрел во саботата навечер и пронашле бел мртов човек со прострелна рана во градите. Сведоците рекоа дека мажот носел капа со ознака на „Патриотски молитва“, екстремно десничарска група со седиште во државата Вашингтон, која претходно се судри со демонстрантите.

На прес-конференцијата во неделата попладне, Вилер ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство.

По ова претседателот Доналд Трамп се огласи во порака на Твитер.

Откако Трамп го нарече демократот Вилер „будала“ и го обвини за „смрт и уништување“ во либералниот град, Вилер, кој беше видно лут, му се обрати на Трамп преку ТВ-камерите, нарекувајќи ги неговите коментари „класичен Трамп“.

„Се обидовте да не поделите повеќе од која било друга фигура во модерната историја и сега сакате да го запрам насилството што помогнавте да се создадете“, рече Вилер.

Минатата недела, прифајќајки ја републиканската номинација за претседател, Трамп го посочи Портланд како пример на дистописка иднинина која Американците можат да ја очекуваат ако неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден, победи на изборите на трети ноември.

Гласачите „нема да бидат безбедни во Бајденoвата Америка“, рече претседателот.

Бајден ќе има прилика да одговори на ова на обраќање во понеделникот во Пенсилванија, при што неговата кампања најави дека ќе се фокусира на прашањето: „Дали сте безбедни во Трамповата Америка?“

Бајден изјави минатата недела дека Трамп во уличното насилство гледа „како на политичка корист за него. Тој се бори за повеќе насилство, а не помалку “.

Пукањето во Портланд беше последниот инцидент што произлегува од расните немири низ САД додека Американците протестираат против расната неправда и полициската злоупотреба на малцинствата по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG