Линкови за пристапност

Полицијата уапси 45 лица во немирите во Сиетл


Демонстрантите за расна правда излегоа на улиците во неколку американски градови во саботата, при што имаше и судири со полицијата.

Во западниот град Сиетл, Вашингтон, полицијата интервенираше поради немирите користејќи солзавец за да ги контролира демонстрациите, при што уапси 45 лица.

Полицијата соопшти дека повеќе од 20 полицајци биле повредени.

Околу 2.000 луѓе маршираа на Капитол Хил како дел од најголемиот протест во последниот месец на движењето „Црните животи се важни“. Демонстрантите предизвикаа пожар на градилиште и фрлаа со камења и шишиња врз полицајците.

Исто така, демонстрантите поставија барикади и носеа штитници и чадори за да се обидат да се одбранат од полицијата која користеше солзавец.

Сите тактики беа позајмени од протестите во Портланд, Орегон, од речиси двомесечните протести на активистите со полицијата.

Судирите во Портланд се засилија откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испрати федерални агенти за спроведување на законот, иако градските власти рекоа дека не барале или не сакаат распоредување на федерални сили.

Протестите против полициската злоупотреба на малцинствата избија по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота.

Трамп вети дека ќе испрати сојузни агенти за спроведување на законот во неколку градови, за да го спречи уличниот криминал за кој рече дека локалната полиција не можела да го контролира.

Во саботата навечер еден човек е убиен на протестите во Остин, Тексас.

Во Луисвил, Кентаки, група вооружени демонстранти побараа правда за Бријана Тејлор, афроамериканка која почина во Луисвил кога полицијата влезе во нејзиниот дом без предупредување и ја застрела во март.

Еден полицаец е отпуштен заради инцидентот, но против другите полицајци не е покренато обвинение.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG