Линкови за пристапност

Демонстранти се обидоа да го урнат споменикот на седмиот американски претседател во близина на Белата куќа


Полицијата во Вашингтон ги растера демонстрантите доцна во понеделникот, кои се обидоа да ја симнат статуата наЕндрју Џексон, седмиот американски претседател, во паркот во непосредна близина на Белата куќа.

Демонстрантите на плоштадот Лафајет врзаа јажиња околу статуата за да можат да ја извлечат од нејзиниот подножје. Тие на крајот беа растерани од плоштадот од страна на полицијата.

Претседателот Доналд Трамп ги осуди демонстрантите во порака на Твитер во понеделникот навечер, предупредувајќи: „10 години затвор според Законот за зачувување на споменот на ветераните.

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1275258921704402945 ]]


Се работи за истата област каде што претходно овој месец полицијата насилно ги растера демонстрантите кратко време пред претседателот Трамп да прошета низ областа за да се фотографира во црква во близина на плоштадот Лафајет.

Статуата го прикажува Џексон, седмиот претседател на нацијата меѓу 1829 и 1837 година, во воена униформа на коњ, во знак на почит на неговата пред-претседателска воена кариера. Но, тој беше критикуван и за потпишувањето на законот од 1830 година, што доведе до насилно отстранување на илјадници домородни Американци од нивните земји во јужниот дел на САД, настан познат како „Патека на солзите“, затоа што многу домородци умреа додека се движеа кон запад .

Џексон исто така поседувал многу робови на неговата плантажа во Тенеси, со кои честопати постапувал строго.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG