Линкови за пристапност

Aмериканскиот Конгрес ги разгледува предлозите за полициски реформи


Комисијата за правосудство денеска ќе го сослуша Филонис Флојд, братот на Џорџ Флојд чија смрт предизвика големи протести

Членовите на американскиот Конгрес ги разгледуваат предлозите за национална полициска реформа, додека локални и државни претставници најавуваат повеќе чекори за промена на финансирањето и овластувањата за употреба на сила во нивните полициски оддели.

Комисијата за правосудство денеска ќе го сослуша Филонис Флојд, братот на Џорџ Флојд, Афроамериканец, чија смрт во полициски притвор, откако полицаец со коленото го притискаше на вратот скоро девет минути, предизвика протести на национално ниво, со барања за реформи.

Меѓу останатите сведоци се шефот на полицијата во Хјустон, Арт Ацеведо и Ванита Гупта, поранешен шеф на Секторот за правда на Одделот за правда и сегашен претседател и извршен директор на Лидерската конференција за граѓански и човекови права.

Демократите предложија пакет реформи што вклучуваат забрани за расно профилирање и задушување при извршување задача, што би го олеснило тужењето на полицајците во граѓанските судови, како и да се воспостави национална база на податоци за следење на полициските злоупотреби. Планирано е гласањето да се одржи овој месец.

Републиканските лидери во Сенатот го задолжија сенаторот Тим Скот да подготви сопствен пакет предлози.

Скот во вторникот соопшти дека одржал продуктивна дискусија со колегите за планот и дека тие ќе објават нацрт „во блиска иднина“.

„Се надевам дека ова законодавство ќе ги донесе неопходните решенија“, рече Скот.

Сенаторот Линдзи Грахам, кој е претседател на Комитетот за правосудство во Сенатот, закажа расправа за полициската употреба на сила за следната недела.

Со тоа што двете партии контролираат една од комисиите, а претседателот Доналд Трамп постојано ја нагласува потребата од „закон и ред“ наспроти протестите, малку е веројатно дека страните ќе се согласат за сите свои предлози, но постои некаков заеднички основ, вклучително и околу базата на податоци за недолично однесување.

Локалните забрани на методите како што е држењето со колено се меѓу чекорите што веќе ги презедоа градските и државните власти во Калифорнија, Денвер и во Минеаполис, градот каде што почина Флојд. Најновиот ваков потег дојде од полицискиот оддел во Феникс, Аризона, кој во вторникот најави итна забрана на техниката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG