Протестите во САД главно беа мирни во вторникот вечерта во градовите низ целата држава, додека луѓето продолжија да го изразуваат своето незадоволство по смртта на Џорџ Флојд.
Во Атланта, полицијата користеше солзавец за да разбие толпа од стотици луѓе кои останаа на улиците и по почетокот на полицискиот час.
Демонстрантите мирно протестираа и покрај полицискиот час во некои области, вклучително и во Њујорк, каде стотици луѓе останаа на мостот Бруклин неколку часа, откако маршираа од страната на Бруклин, обидувајќи се да се движат кон Менхетен, додека патот беше блокиран од полицијата.
Во Атланта, полицијата користеше солзавец за да разбие толпа од стотици луѓе кои останаа на улиците и по почетокот на полицискиот час.
Полицајци биле видени како приведувале луѓе во двата града. Асошиетед Прес соопшти дека полицијата уапсила најмалку 9.300 луѓе во целата држава во текот на изминатата недела.
Стотици луѓе останаа и за време на полициски час во паркот „Лафајет“ на плоштадот наспроти Белата куќа во Вашингтон, каде што синоќа беше многу потивко од претходниот ден кога полицајците агресивно ги растеруваа во голема мера мирните демонстранти за да го расчистат патот пред претседателот Доналд Трамп да се појави пред црквата Свети Јован.
Демонстрантите кои се собраа во паркот во вторникот извикуваа пароли „Црните животи се важни“, „Не пукај“ и „Доста е, доволно е“.
Тие се собраа пред металните огради поставени за да се зајакне безбедноста во областа. На неколку километри оддалеченост, трупите на Националната гарда застанаа на скалите на Меморијалот во Линколн, популарно туристичко место каде во 1963 година иконата за граѓански права Мартин Лутер Кинг го одржа својот славен говор „Имам сон“.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците и во вторникот вечерта во Лос Анџелес, каде градоначалникот Ерик Гарцети клекна заедно со полицајците во знак на солидарност со демонстрантите. Илјадници демонстранти подоцна се собраа пред официјалната резиденција на Гарсети за да повикаат на масовно кратење на полициските буџети и тој да го отпушти началникот на градската полиција.
Протести се одржаа и во Мајами, Хјустон, Орландо, Њу Орлеанс и Сиетл, како и Портланд, Орегон и Медисон, Висконсин.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека неговото „срце е скршено“ од глетките на насилството на улиците на градот домаќин на Обединетите Нации. Њујорк е едно од многуте места каде протестите беа претежно мирни, но особено во текот на ноќта некои од демонстрантите кршеа прозорци, предизвикаа пожари и ограбуваа продавници.
Гутереш повика на отфрлање на расизмоти „вложување во социјална кохезија, така што секоја група ќе се чувствува ценета“.
Папата Франциск во средата изрази загриженост поради, како што рече „вознемирувачките немири“ во САД.
Трамп рече дека е „сојузник на сите мирни демонстранти“, додека објавува пораки на Твитер за употреба на сила заради одржување на мирот во градовите на нацијата.
Претходно истиот ден, неговиот противник на изборите во ноември, поранешниот потпретседател Џо Бајден, го критикуваше одговорот на Трамп.
„На државата ѝ треба лидерство“, рече Бајден во Филаделфија. „Лидерство кое може да нè обедини, лидерство кое нè зближува. "
Новинарите генерално се ослободени од полициските наредби што ги воведуваат градските лидери, но во последниве денови има неколку случаи кога полицијата агресивно се однесуваше кон новинарите, фотографите и видеографите.
Австралискиот премиер Скот Морисон повика на истрага откако двајца австралиски новинари се најдоа на удар на полицијата на протестот на плоштадот Лафајет во понеделникот.
Facebook Forum